Ангел Петров академскиот сликар од Велес има 60 годишна студија на ликот на Кочо Солев Рацин Во своето ликовно творештво ликот на Кочо Рацин е инспирација која трае до денес. Има изработено над 200 и повеќе портрети на Рацин. Портретите на Кочо Рацин се работени во разни периоди од средношколски денови, како студент па се до денес , спој помеѓу поетот и сликарот како Велешани. Рациновите дела се изработени во разни техники акрил, масло на платно,молив пастел, комбинирана техника и др.