Кајак кану клуб Арка-Борец од Велес овој викенд учествуваше на првиот меѓународен натпревар за оваа година во кајак на диви води во дисциплината спуст во Р.Србија во градот Чачак. За ККК.Арка-Борец настапија четворица натпреварувачи и една натпреварувачка.

Во сениорска категорија Љубомир Спасиќ го освои второто место и сребрениот медал додека Енис Небиовски се пласираше како четврто пласиран.Во кадетска категорија кај жените победник е Валерија Крстева која успеа да го освои златниот медал.

Додека во пионерска категорија Леон Крстев заврши на седмо односно Кристијан Лазаров на осмото место. Со овие постигнати резултати се покажува на дело макотрпната работа во клубот која во блиска иднина ќе носи нови успеси како за клубот така и за промотивна цел на Македонија и поголема популаризација на кајакот како спорт.