Изминатиов викенд во с.Богомила се одржа 6-от по ред outdoor festival АЗОТмтб предизвик 2020. Согласно новонастаната ситуација со КОВИД-19 и правилата и протоколите за огранизација на настани на отворено на Комисијата за заразни болести при Владата на Р.Македонија, овој настан беше организиран под вонредни услови, со учество на 100 велосипедисти и планинари. И покрај се , настанот помина во одлична атмосфера, 100-на кампери во текот на двата имаа бројни активности.
Првиот ден беше пердвиден за посета на преубавото с.Бистрица со посета на манастирот св.Петар и Павле, како и етно музејот во селото. Вечерта во опуштена атмосфера согласно протоколите за КОВИД-19 имаше акустичен концерт под отворено небо.
Главниот настан во неделата Вкупно 80-на велосипедисти поделени во рекреативни тури од 42,1км и 33,1 ги извозија и посетија преубавите предели на АЗОТ-от и сите заедно се искачија до пл.дом Чеплес (1410мнв). Планинарската тура со околу 20-на планинари стартуваа од с.Нежилово и пешачеа до изворите на Бабуна со вкупна должина од 16,5км.
Од вкупно 100 учесници треба да се спомене дека најстариот учесник беше Мане Ставревски од Скопје со негови 67 години и намладиот Марио Јорданов од Велес со негови 6,5 години успешно ја извоција средната рекреативна тура во должина од 33,1км и елевација од 1055м.
Организаторот на овој настан, здружението на граѓани ВЕЛЕС БАЈКИНГ од Велес се презадоволни од целокупната атмосфера, позитивните моменти кои и ведрата атмосфера која владееше во целиот регион во изминативе два дена, со најава за голем меѓународен фестивал во мај 2021 година.