Утринава околу 10.30 часот на автопатот А1, делница Градско – наплатна станица „Отовица”, пред место викано „Дервенски мост”, полициски службеници од СВР Велес запреле комбе, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(37) од Република Албанија, соопштија од МВР. Возачот се обидел да избега, но веднаш бил фатен и лишен од слобода, а по преглед во возилото биле пронајдени 21 лице – мигранти од Пакистан и Индија. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против А.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.