Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави дека во касараната во Велес со променетиот систем има конкурс на кој може да конкурираат сите млади, а првите три месеци се тест период во кој се гледа дали може да се снајдат во војничка атмосфера или не. Оние кои со успех ќе го завршат тој период, а што е некаков пандан на доброволно служење војска, истакна Шекеринска, веднаш продолжуваат со редовен работен однос.

– Токму оваа прва генерација војници што стартуваше крајот на минатата година беше првиот тест на овој систем и се покажа одличен. Затоа во Велес, тоа беа први војници професионално ангажирани кои првиот тримесечен тест го служеа токму во Велес. Можноста за доброволно служење останува, но помал број малди се одлучуваат на доброволно служење бидејќи сега имаат подобра опција. Тие три месеци ги служат како тест период и притоа добиваат целосна плата, појасни Шекеринска, која заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнз, денеска, во армискиот полигон „Криволак” ги посетија припадниците на Армијата на Република Македонија и на вооружените сили на САД, кои заеднички работат на изградба на нови содржини на полигонот, пред почетокот на меѓународната вежба, „Одлучен удар 21″.