До Општинската изборна комисија Велес во предвидениот законски рок се доставени четири кандидатури за функцијата градоначалник за престојните Локални избори закажани за 17 октомври. Две партии и две коалиции ќе ги вкрстат копјата за градоначалничката фотелја на Општина Велес. Левица ќе истрча со професорот на Земјоделски факултет Златко Арсов, Бошњачкиот демократски сојуз партија која за прв пат самостојно настапува на избори го кандидира Семир Алимов, жител на Горно Оризари, приватен стопанственик – Електротехничар за електроника и телекомуникации, Коалиција „Најдоброто за мојата општина“, предводена од СДСМ ќе настапи со Ненад Коциќ, доктор специајлист, актуелен пратеник од редовите на СДСМ во Собранието и борец за здрава животна средина. ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија како кандидат за локалните избори го промовираше и до Општинската изборна комисија ја достави кандидатурата на Марко Колев, дипломиран професор по географија, поранешен директор на Вардарскиот плански регион.