Во основните и средните училишта, ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“ и градинката „Димче Митрев“ има вкупно 10 ученици позитивни на Ковид19, во изолација се 42 ученици и ученички, пет позитивни наставници и наставнички, шест се во изолација, еден директор е позитивен на вирусот  и од техничките служби во јавните установи петмина вработени се позитивни на Ковид-19. Во јавните установи основани од Општина Велес нема вработени заболени од Ковид 19 ниту пак во изолација, освен еден вработен во ЈКП „Дервен“.