Низ социјалните мрежи кружи вознемирувачки видео клип кој за жал прави структурна вивисекција на македонското здравство во моментов и неговата неспособност да се справи со галопирачката пандемија, која од час во час зема десетици животи ! На матрица од музиката на Fifty Cent остануваме ужаснати од оваа црна пародија на моментот што за жал го живееме. Дали овој разбудувачки видео клип ќе им помогне на надлежните реално да ја согледаат ужасната состојба во која се наоѓа македонското здравство и немоќта да се справи со косењето на третиот пандемиски бран, останува да видиме. Да потсетиме дека вчера и претседателот Пендаровски ситуацијата со здравството во земјава ја оцени како СРАМОТА !