Вчера во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „Пријателство“, во близина на надвозникот во с.Ржаничино, скопско, патничко моторно возило „цитроен ксара пикасо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.М.(46) од Велес, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Љ.Б.(53) од Велес, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници Ј.К.(19) и А.Б.(22), двајцата од Велес, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.