Портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес др. Весна Неделковска Николова изјави дека момчето било примено во Ургентниот центар.

По прегледот направена му е компјутерска томографија и констатирани се тешки повреди на главата субарахноидално крвавење во главата, односно крвавење помеѓу мозочните обвивки. Поради сериозноста на повредите момчето во стабилна и свесна состојба итно било префрелно на понатамошно лекување на Клиниката за неврохирургија во Скопје, наведува Неделковска Николова.