Хаџи Арсов ги возел градските татковци на Велес од далечната 1974 година се до 2014 година кога се пензионирал. Во разговор за ММС, тој не ги откри тајните на политичарите, но ги откри пикантериите и доживувањата на своите патници додека заедно со нив поминал повеќе од еден милион километри.

Хаџи Арсов во текот на кариерата ги извозел претседателите на општина или градоначалници: Александар Варналиев, Стеван Ќулумов, Ристе Ристевски, Трајче Џалев, Лилјана Бојаџиева, Трајко Пренџов, Ордан Николовски, Аце Коцевски, Горан Петров и Славчо Чадиев. За време на мандатот на Славчо Чадиев тој се пензионираше и ги остави клучевите во рацете на неговиот заменик Тодорче Поп Златанов.

Возачот си поминал убаво со сите градоначалници со кои поминал 1.000.000 километри низ Македонија и низ Австрија, Италија, Хрватска, Словенија, Унгарија, Бугарија, Романија, Албанија и останатите балкански земји.

– Маанаџија беше Аце Коцевски, а со Лилјана најдобро си поминав. Таа секогаш оставаше на мене да избегам место за појадок или ручек, не ми правеше никаков притисок додека возам. Сите политичари разговараа со мене освен Аце Коцевски. Имавме правила на однесување во автомобилот. Сите градоначалници седеа десно на задното седиште и никој од нив не пушеше во автомобил. Интересно е што сите беа горе-доле точни, но никој како Аце Коцевски. Никогаш не доцнеше. Некогаш со него доаѓаше и сопругата за да ја оставиме по пат на работа. Еден ден, таа излезе од возилото и отиде до дома, затоа што заборавила нешто. Тој ми вика „тргај, не ја чекаме“, а јас му велам „еве ја доаѓа“. Ми рече дека тој ми е претпоставен, а не таа и на крајот на оставивме жената – се присети велешкиот возач кој во текот на 40 години секогаш бил дотеран во костум и вратоврска. Целата сторија прочитајте ја на ММС.