Внимавајте ако одите на море: Се појави грчка мутација на корона вирусот

570

Грчките медиуми објавија за мутација на Ковид-19 вирусот Β 1.1.318 (Variant E484K), која е слична на нигерискиот сој и ја нарекуваат „атинска“.  Оваа варијанта побрзо и полесно се шири.

Претседателката на Националната комисија за вакцинација Мариа Теодориду, за конкретната тема синоќа одржа прес конференција на која рече дека „не може да се каже дека не постои загриженост за било која варијанта што се појавува“.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција за мутациите во земјата, до четвртокот од конкретниот сој Β 1.1.318 биле потврдени 829 случаи, што претставува 9,24 отсто од вкупниот број мутации во земјата.