Денеска во 12 часот со пунктови пред новиот театар ЈХК-Џинот започна граѓанската иницијатива за собирање на потписи за поништување на Законот за попис. Вчера пратеникот Игор Здравковски на прес конференција ги повика велешани во наредните денови да го дадат својот потпис за поништување на Законот за попис: Неколку денови ќе бидат поставени штандови во градот, во ударни термини на фреквентни локации на кои граѓаните ќе можат да се потпишат, а потоа ќе бидеме во посета на градските маала за да овозможиме по барање на граѓаните достапност до овие евидентни листи кои ќе бидат поднесени во прилог со барањето на пратеничката група за поништување на пописот, изјави Здравковски на вчерашната прес конференција.