ВМРО-ДПМНЕ денес продолжи со блокирање на улиците во Скопје и во девет други градови, еден од нив е и Велес. ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес денеска започна со блокада на сообраќајот во Велес со барање на јавноста и биде покажан документотот „Патоказ“, за кој, како што велат, преговараат премиерот Зоран Заев и специјалниот претставник на македонската влада, Владо Бучковски со официјална Софија. Со повикот „Доста е, излези за Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ од вчера започна со блокирале на крстосници во Скопје и во девет други градови во земјата.