Владата отвори ново работно место. За плата од над 36 илјади денари апликантните треба да исполнуваат посебни услови, како работно искуство од најмалку 16 години. Но, тоа не е ништо чудно доколку во огласот се бара од личноста што треба да се вработи да има завршено, верувале или не, кинезиологија. Освен тие кои се образувале за да бидат професионални масери, во предвид ќе се земат и апликантите со економски и политички науки, пишува Лидер.

-За да биде појасно за што станува збор кинезилогоијата е наука за движење на човековото тело. Кинезиологија се фокусира на физиолошкиот развој, биомеханичкиот како и на психолошките и динамички принципи на механизмите на движење. Се поставува прашањето, дали „строгите критериуми“, кои се наменски поставени, ќе послужат за вработување кадар кој однапред е одбран? Во последно време се почето можат да се забележат вакви апсурдни огласи во државната и јавната администрација. Последната беше објавена од Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), кој на јавен оглас за вработување, бара советник кој ќе го советува директорот за административни работи, а услов е да има завршено ликовна уметност или организациски науки и управување, пишува порталот.