Околу 1.000 автомобили се затрупани во снежно невреме на истокот во Јапонија. Патниците во автомобилите биле заробени околу 9 часа. Јапонската метеоролошка служба предупредува на лавини и за натамошни прекини на сообраќајот во источниот и централниот дел на Јапонија и на јапонското крајбрежно подрачје бидејќи се прогнозираат нови снежни врнежи.