Викендов тројца натпреварувачи настапија на отворен шампионат во Р.Чешка и Прво коло од Европскиот Куп во Чешка Буџевица. На овие натпревари учество земаа 9 држави кои партиципираа со 103 натпреварувачи. Најдобро пласиран од нашиот состав е Александар Златаров на 27-мо место,Љубомир Спасиќ на 31-во и Енис Небиовски 37-мо место. Тројцата натпреварувачи се од Велес.