Борец ја запиша првата победа во пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) против Беласица (2-1) во рамки од 21. коло.

Фудбалерите на домашниот тим стигнаа до рано водство со удар од работ на казнениот простор на Еди Баша. Тоа беше одлично отворање на мечот и најава за ефикасно надигрување во Велес.

Следуваше притисок од страна на струмичани. Во неколку наврати Беласица беше блиску до израмнување. Коцев се закани со глава, а потоа од далечина биеше и Гуџуфи. Веднаш по неговиот удар гостите центрираа од корнер, на кој највисоко скокна Митевски и ја врати својата екипа во игра.

Борец одговори со нова прилика, овојпат Трајкоски беше непрецизен од далечина. Сепак, велешани успеаја да стигнат до нова предност пред да се упатат кон соблекувалната.