Во вторникот кај стадионот во Винча, Србија, неколку лица ја нападнале екипата на тамошното комунално претпријатие, која прскала против комарци. Пред неколку дена сличен напад се случил и во Сремчица.
Лицата кои ја нападнале екипата која прска против комарци се обиделе да го уништат возилото и тврделе дека со него се прска коронавирус. -Недоверливиот сограѓанин го запре возилото на комуналното претпријатие, инсистираше да види налог, но и кој, зошто и што прска и на многу непријатен начин изрази сомнеж дека со сузбивањето на комарците всушност се спроведува терористички напад – стои во соопштението на комуналното претпријатие, од каде додаваат дека напаѓачот рекол дека сака да има комарци и дека не му пречат, но дека веќе не сака да ги види комуналците во неговиот крај или во спротивно се заканил дека нема да излезат живи. Видеото погледнете го ТУКА.