Фудбалерите на Тиквеш на денешниот натпревар беа во негатива против велешки  Борец, но успеаја да се вратат пред полувремето со погодок од пенал. Токму овој момент ја прели чашата на незадоволството кај управата на ФК Борец кои во разговор за Велес365 најавија жалба до главниот судија на натпреварот. Ова не е прв пат да ФК Борец биде оштетен од одредени судии кои ја делат правдата, но денешниот случај кога беше досеуден непостоечкиот пенал на очиглед на сите ја прели чашата, велат од управата на ФК Борец. Денес ФК Борец е оштетен за одлучувака утакмица од сезоната со непостоечки пенал. Во видеото неспорно јасно е дека двајцата напаѓачи на кавадарчани паднаа по благи контакти со дефанзивците, а иако очигледно немаше интензитет и судијата беше близу до ситуацијата, покажа на белата точка. Сепак, одлуката на главниот судија Дејан Јакимовски да покаже на белата точка беше во најмала рака спорна. Видеото од спорниот момент може да го погледнете ТУКА.