Македонија ја оправда улогата на фаворит против Естонија, победи со 2-1 и дојде до трите посакувани бодови со кои останува на првото место на таблата пред последното коло. Во 29-тата минута Тричковски погоди со волеј за водство на нашата репрезентација од 1-0. По седум минути игра во второто полувреме,  Сапинен постигна погодок за Естонија и следеше израмнување на 1-1. По примениот гол веднаш тргнавме во напад, многу посериозно кон голот на Естонија, почнаа да се редат шанси за ново водство. Тоа се случи во 68. минута кога по уште една  асистенција од Елмас, Стојановски погоди со глава за водство на Македонија од 2-1. Конечниот резултат бше 2-1.