Фонтаната се простира на 7.327 квадратни метри, осветлена е со 3.000 ЛЕД лампи, а 7.500 дизни ја фрлаат водата до 105 метри во височина. На отварањето посетителите со маски на лицата, во согласност со мерките за безбедност од коронавирусот, се собраа во четртокот вечерта за да уживаат во најголемата фонтана на светот која влезе и во Гинисовата книга на рекорди. ,,Фонтаната на палмите,, тоа е името на најновата и најголема атракција во светот на фонтаните, а се наоѓа на вештачкиот остров во облик на палма.