Ноќеска провалник влегол во Гостилницата Боем а негова цел биле парите од кутијата за донации во која велешани секојдневно донираат средства како би можело да се обезбеди топол оброк за социјално ранливите категории на граѓани во Велес. Провалникот ја скршил вратата од задната страна на гостилницата по што од видео надзорот се гледа како ја одзема кутијата со донации на Гостилницата Боем. Сопственикот на гостилницата Трајче Мешков кој неколку години по ред со помош на велешани ја организира и спроведува акцијата ,,Нила гладни во Велес,, вели дека ќе продолжат со и понатаму да обезбедуваат оброци за скекој на кого му е потребно, а провалникот го покани на кафе и топол оброк. Видеото може да го погледнете ТУКА.