Шест лица се полесно повредени денеска во Анкара, која беше погодена од ретка песочна бура, пренесува турскиот весник Хуриет. Песочната бура ги погоди окрузите Олатли и Хајман околу 15 часот по локално време, а претходно беше издадено предупредување за силен дожд и невреме. Според првите извештаи, шест лица беа полесно повредени откако беа погодени од „летечки предмети“, напиша гувернерот на Анкара, Васип Шахин, на Твитер.