Нумерата ‘Сонце‘ е трето мое авторско дело во кое сум јас и музичар изведувач, а мој е и аранжманот. Првото дело кое го објавив на јутјуб се вика ‘Вистина’ и е  поставено во декември, второто дело кое е исто така авторско, го објавив за време на карантинските денови на 4 април и насловено е ‘Вулкан‘. Во меѓувреме исто така поставував и мои авторски дела на фејсбук. Но, овие три дела ‘Сонце’, ‘Вистина’ и ‘Вулкан’ се дела кои здравје во иднина сакам да ги ставам на моето авторско цеде, за кое ќе има и промоција“, вели за весникот ВЕЧЕР виолинистката Слободанка Ничевска, чија нумера „Сонце“ поставена на Јутјуб деновиве ја одушевува македонската јавност

Одлични кадри и уште подобра интерпретација… вака љубителите на добрата музика ја искоментираа извонредната изведба на македонската виолинистка  Слободанка Ничевска, чија најнова авторска нумера “Сонце“, снимана на мегалитската опсерваторија Кокино, од завчера е поставена и може да се види и слушне на јутјуб-каналот. Иако многумина досега немаа можност да ја запознаат и да присуствуваат на нејзината музичка изведба, оние што го проследија видеото на јутјуб се одушевени од нејзиниот талент, а многумина ја нарекуваат и македонската Ванеса Меј.

Ничевска која по потекло е од Велес е вработена во Македонската опера и балет, каде е дел од оркестарот.

Инаку, самата локација на која е снимена песната ‘Сонце‘ од најновото видео на Ническа на „Јутјуб“,  дополнително и дава на целата изведба мистичност и надреална убавина.

“Нумерата ‘Сонце‘ е трето мое авторско дело во кое сум јас и музичар изведувач, а мој е и аранжманот. Првото дело кое го објавив на јутјуб се вика ‘Вистина’ и е  поставено во декември, второто дело кое е исто така авторско, го објавив за време на карантинските денови на 4 април и насловено е ‘Вулкан‘. Во меѓувреме исто така поставував и мои авторски дела на фејсбук. Но, овие три дела ‘Сонце’, ‘Вистина’ и ‘Вулкан’ се дела кои здравје во иднина сакам да ги ставам на моето авторско це-де, за кое ќе има и промоција. Од друга страна се ова немаше вака да изгледа и звучи ако го немаше музичкото студио Трница (продуцентот е Никола Димовски- Трница), кој ги оживеа моите дела со звук и слика, бидејќи ние уметниците можеме да ја имаме музиката во глава но, ако немаме можност да ја офијацијализира нема да звучи вака. Конкретно за овој спот благодарна сум и на Марина Аврамовиќ, која го овозможи ова снимање на прекрасното Кокино, место на Сонцето и ѕвездите, па така и насловот се совпадна. Всушност не случајно беше одбрано“, објаснува за весникот ВЕЧЕР, Ническа.