Велешанката Мими Јовановска за разлика од претходниот круг кога го воодушеви жирито во регионалното шоу за таленти „Ѕвездите на Гранд“, во најновата епизода потфрли со изведбата. Лошиот избор на песни беше пресуден овојпат да добие само три гласа, но поради претходното одлично претставување Саша Поповиќ ѝ даде зелена карта за понатамошно натпреварување. Настапот на Мими погледнете го во видеото на 2:25 мин.