Македонскиот автобус синоќа околу 21 часот влегол во Бугарија од граничниот премин „Капитан Андреево”. Според првичните информации загинале 45 македонски државјани, а 7 преживеале. Трагично е што меѓу загинатите има и деца, дури и двајца близнаци. Од преживеаните шестмина имаат изгореници на лицето и горниот респираторен тракт, а седмата жртва се здобила со скршеница на бутот и била примена на Трауматологија. Неофицијално над 10 се деца, додека пак и другите лица биле млади парови кои го искористиле продолжениот викенд. Жртвите од тешката сообраќајна несреќа, што се случи ноќеска во Бугарија, се од Скопје, Струмица, Битола и Велес, информира btvnovinite.bg. Од овие градови била организирана екскурзијата.