Карантинот кој беше воведен во Грција како мерка за спречување на ширењето на короната ги налути граѓаните кои во Солун преку социјалните мрежи се организираа на протести кои се претворија во судир со полицијата. Премиерот Мицотакис во четвртокот во Атина објави дека владата одлучила да воведе тринеделен карантин на национално ниво од 06.00 часот во сабота на 7 ноември. Граѓаните ќе можат да ги напуштат своите домови само од одредени причини како што се работа, медицински прегледи или вежбање и откако ќе ги известат властите.