Тројца Македонци настапија во петтиот круг од регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, но излезе само еден – велешанецот Александар Темелков.

За препознатливиот Александар не светна ниту еден тастер за глас од жирито, а со тоа значеше дека тој автоматски го напушта шоуто. Кога требаше да почнат со коментирње, единствено Марија Шерифовиќ кажа дека не било добро и тој тука завршува.

Александар според кажаното помисли дека повторно се шегуваат како минатиот пат кога сакаа да и напраат стрес на неговата менторка Вики Миљковиќ, но не беше така.

Темелков не ни сакаше да слуша понатаму, и се заблагодари на Вики, го сврти грбот и си замина. Како изгледаше ситуацијата со Темелков погледнете од видеото на 2:19:58 секунди: