Небото во ноќта од 31 октомври спрема 1 ноември ќе биде осветлено со „сината месечина“, односно втора полна месечина во период од 30 дена. Ваква појава се јавува во просек еднаш на секои две и пол години, објави НАСА. Секој месец има по една полна Месечина, но бидејќи лунарниот циклус и календарската година не се совршено синхронизирани, ние завршуваме со две во истиот календарски месец приближно на секои три години. Феноменот „Сина месечина“ не мора да значи дека ќе биде сина, иако темно синиот тон на вечерното небо може да влијае на боите што ги гледаме.