Вчера утрината околу 07.20 часот во СВР Велес било пријавено дека во с.Башино Село, велешко, велосипед управуван од З.Ѓ.(52) удрил во пешакот О.И.(57), двајцата од с.Башино Село. Во незгодата, со повреди се здобил З.Ѓ., констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.