Христијан Игнатов од Кајак клуб ,,Бабуна,,  Велес и Анѓел Петрушев од Кајак клуб ,,Вардар,, Велес денес на Европското првенство во кајак слалом во Краков Полска се пласираа во полуфиналето. Христијан се натпреварува во група до 23 години додека Анѓел во група на кајакари до 18 години. Полуфиналните и финалните возења се на програмата во Недела 04.10.2020. И двајцата се натпреваруваат во олимписка дисциплина, Велешани очекуваат да ги видат нашите кајакари во финалето.