Изминатиот викенд се одржаа државни првенства во кајак на диви води во дисциплината спуст во сите категории во машка и женска конкуренција.

Спасиќ, Небиовски, Крстев, Лазаров и Крстева државни прваци во кајак на диви води во спуст.

Кајак кану клуб Арка-Борец Велес зема учество во сите категории на државното  првенство кое се одржа на 05/06 септември во Скопје на реката Вардар.

Во сениорска категорија 1-во пласиран во класик на 4км и спринт на 300 метра се пласираше Љубомир Спасиќ (ККК Арка-Борец), додека на второто место се пласира клупскиот колега  Енис Небиовски (ККК Арка-Борец)

Кај Младите сениори до 23 години во спринт и класик најдобар беше Енис Небиовски (ККК. Арка-Борец).

Кај јуниорите најдобро пласиран заврши Леон Крстев (КККАрка-Борец) како втор се пласираше уште еден натпреварувач од (КККАрка-Борец) Кристијан Лазаров.

Кај девојките во Сениорска категорија во класик возењето, државен првак е Валерија Крстева (КККАрка-Борец).

Во Спринт настапот на 300м. повторно прво пласирана заврши Валерија Крстева, и како трето пласирана заврши Сара Димитровска (КККАрка-Борец).

Во сениорки на 300м.прво пласирана е Памела Златарова (ККК Арка-Борец).

Кај најмладите учесници во пионерска категорија првите четири места припаднаа на членовите на (КККАрка-Борец).

1.Кристијан Лазаров

2.Христијан Гочевски

3.Леонардо Кундевски

4.Андреј Апостолов кој воедно беше и најмладиот натпреварувач на 8 годишна возраст.

Во тимските настапи 3×К1 по категории пласманите се следни:

Пионери- 1-во место Гочевски Х.-Кундевски Л. -Лазаров К.

Јуниори- 1-во место Златаров В. -Крстев Л.-Лазаров К.

2-ро место Кундевски Л. -Апостолов А. -Гочевски Х.

Сениори спринт и класик во тимски настап екипата на Арка-Борец заврши на 2-ро место во состав.

Небиовски Е.-Златаров В.-Спасиќ Љ.-класик

Небиовски Е. -Спасиќ Љ.-Крстев Л.-Спринт

Со овие настапи и успеси Кајак Кану Клуб Арка-Борец Велес стана државен севкупен првак на Македонија во кајак на диви води во дисциплината спуст за 2020 година.