Велешката дијаспора од светот во донаторска акција собра 301,400 денари кои ќе бидат употребени за купување на 70 душеци за Општата болница Велес, првенствено за Инфективното одделение каде душеците се стари повеќе од 30 години. Освен душеците во оваа акција обезбедени се и 140 постелнини како и 70 перници. Акцијата беше спроведена во два дена во која се собраа средствата за оваа намена. Душеците и постелнината ќе бидат доставени во текот на следната недела.