Велешанка на 31-годишна возраст е пронајдена мртва рано утрово во Неготино, информира Министерството за внатрешни работи.

„На 25.12.2021 во 02.27 часот во Полициска станица Неготино од Итна медицинска помош Неготино е пријавено дека на интервенција на ул.„Дојранска” во Неготино е затекната почината Л.Д.(31) од Велес. Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР Неготино“, се вели во полициското соопштение.

Од МВР додаваат дека по наредба на јавен обвинител телото на починатата е дадено за обдукција на Институт за судска медицина.