Полицијата го лишила од слобода С.Р.(66) од Велес, поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста при семејно насилство“. Имено вчера во семејната куќа во Велес, С.Р.,по кратка вербална расправија, со остар предмет му се заканил на својот 37-годишен внук од Велес. С.Р. е приведен во полициската станица во Велес и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава.