Жител на Велес вчера бил приведен откако се обидел да шверцува 10 мигранти и тоа пред очите на полицијата. Неговото возило било запрено на истата улица на која се наоѓа и Секторот за внатрешни работи Куманово. На 25.08.2020 околу 21.20 часот на ул.„11-ти Октомври“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово запреле патничко возило „мицубиши“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(36) од Велес, информираат од СВР Куманово. При преглед во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од кои шест од Сирија и четири од Ирак (едно дете). Н.К. бил приведен во СВР Куманово, а мигрантите се пренесени во Транзитен центар во с.Табановце. По целосно документирање на настанот против Н.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.