Велешанец на околу четириесетина годишна возраст по втор пат е регистриран како позитивен на Ковид-19. Тој коронавирусот го добил прв пат пред околу три месеци за да во текот на вчерашниот ден добил позитивен тест на Ковид-19. Тој пред неколку дена изгубил вкус и мирис по што решил да направи тестирање кое покажало дек а е позитивен на Ковид-19. Прв ваков случај во Македонија беше пријавен во август лани, кога штипјанец на возраст од 46 години, кој еднаш бил излекуван од Ковид-19, за кратко време повторно се зарази. Вториот пат состојбата му беше уште посериозна, и беше префрлен на болничко лекување. Од појавата на првиот случај на Ковид-19 во Македонија пред една година досега, 116 лица по вторпат се заразиле со вирусот. Ова го покажуваат податоците од минатонеделниот извештај на Институтот за јавно здравје за реинфекција со коронавирусот. Во земјава досега се регистрирани 112.930 случаи на Ковид-19. Тоа значи дека 0,1% од заразените по вторпат биле инфицирани со вирусот.