Вчера попладнето во 17.00 часот на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес од страна на полициски службеници од СВР Велес бил лишен од слобода А.Л.(33) од Велес. Тој се сомничи дека околу 16.50 часот извршил „тешка кражба“ од патничко моторно возило „тојота корола“, со велешки регистарски ознаки. А.Л. бил приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Велес.