По двве сезони минати како интернационалец и вкупно три откако си замина од „Автокоманда“, во Металург се враќа македонскиот пивот Костадин Петров (29).

Побогат за едногодишно искуство од играње во шпанската Гвадалахара и едногодишно во романската Сучеава, Костадин Петров се враќа во Металург и ќе го комплетира триото линиски играчи во кое е уште и Милан Лазаревски и Андреј Митиќ.

Костадин Петров во Металург дојде како 23 годишен ракометар, играше три сезони, од 2015 до 2018 година, пред да замине на една сезона во Пелистер од каде што отиде во Шпанија.
Петров го паметиме како корисен играч, но и потценет играч, иако повремено добиваше покана и за македонската репрезентација.
Иван Марковски сигурно има подготвено улога за него во тимот за следната сезона, а очекуваме да видиме и колку влијаело на него играњето во Шпанија и Романија.
Од друга страна, пак, секогаш е убаво кога клубовите водат сметка за македонските играчи и секое нивно враќање од странство во Македонија во принцип е добра работа за македонскиот ракомет генерално. Металург со овој трансфер, направи токму таков потег.