Велешанецот Дарко Ранготов го одигра 100-тиот натпревар за футсал репрезентацијата на Македонија. Македонската футсал репрезентација одигра нерешено, 2:2 против Романија во второто коло од квалификациската група за пласман на Европското првенство.Во С.Ц “Јане Сандански”, избраниците на селекторот Васко Скендеровски одиграа одличен натпревар против фаворитот Романија и заслужено го запишаа првиот бод во квалификациите. Нашата селекција поведе во првото полувреме со голот на Даниел Дандан, но романската селекција израмни веќе во следниот напад преку еден од петмината Бразилци во составот.  Во 33. минута, Марлос им донесе водство на гостите по корнерот на Фелипе, а бодот за Македонија го осигура капитенот Дарко Ранготов со прецизен удар од далечина. За Ранготов ова беше јубилеен, 100-ти натпревар во дресот на Македонија.  На вториот натпревар во нашата група, БиХ ја изненади селекцијата на Србија совладувајќи ја на гостински терен со 4:2 за нивна втора победа.