Според најновите податоци утрово најзагаден град во земјава е Тетово со 92 ПМ 10 честички на метар кубен, а потоа следува Велес, со 91 ПМ 10  честички на метар кубен, а на трето место е Кочани со високи 63 ПМ 10 честички на метар кубен. Нејасни се причините за ова, бидејќи во лето, без греење на домовите ноќва Велес се разбуди со екстремно загаден воздух. При сличната ситуација летово кога исто така имаше екстермна загаденост на воздухот надлежните излегоа со објаснување дека најверојатно се работи за пустинска прашина. Сепак извештаи од терен немаше па јавноста остана покуса за релевантна информација што навистина се случува со воздухот во лето.