пишува: Слободан Ников

По  бомбардирањето на Велес, 6 април 1941 година, и влегувањето на германските воени сили во Велес, настанува период на т.н.„интер-регнум„ времен простор без цивилна власт. Во тој период, имало   можност, на појава на заразни болести, кои би биле предизвикани од загинатите велешани при бомбардирањето, појава на пљачкосување на воени и други магацини од предходната српска власт и слични појави. Во една таква ситуација, во градот се наметнала потребата од формирање на тело, кое би се зафатило, да ги решава таквите појави и другите цивилни проблеми во Велес.

Па така, од овие причини, на 8 април 1941 година, одржан е собир во зградата на тогашната општина, на шеесетина видни велешани, при што е формиран Привремен градски одбор од пет члена, во сосатв: Константин Ванов, Страхил Гигов, инж.Љубомир Маричиќ, Амди Шех Исмаил, Александар Шукаров, а истиот ден, кон ова тело се приклучени и Д-р Ангел Арсов, Константин Заафиров и Коце Ончев. Седиштето на ова тело било во зградата на велешката општина, а на зградата било истакнато црно – бело знаме, по урнек на велешката фута, со претекст на македонско народно знаме. Ова тело, кое имало карактер на народна власт, постоело до 14 април 1941 година, кога е воспоставена германска Команда на место за Велес и околијата, со што почнува да дејствува и германската окупаторска власт. Началник на германската Команда на место бил, капетан Литке.

Со доаѓањето во Велес на еден бугарски полициски вод на 25 април 1941 година, почнува воспоставувањето на бугарскиот окупациски систем во Велес и околијата,а веќе од 26 април 1941 година, целосната цивилна управа во Велес и околијата, преминува од германската Команда, во рацете на бугарската окупаторска власт. Во прво време во Велес неа ја сочинува Полициската станица (участок). На 26 април 1941 година, Антон Козаров, Директор на Скопската област, во чиј состав влегува град Велес и околијата, ги објавува сите правни наредби за воспоставување на власта на бугарската држава на новоослободената територија. Терминот, новослободена територија, се однесува за Македонија, бидејќи,  бугарските окупаторски власти, Македонија ја третирале, како нивна,  нераскинлива територија од Царството на Бугарија.

Административната структура на бугарската власт, односно на „ослободителите„ е сочиненета од околиски управник, градаска и селски општини, управувани од кметови и кметски намесници. Покрај Градската општина со седиште во Велес, воспостваени се уште девет селски општини и тоа во селата: Згрополци, Долно Чичево, Извор, Богомила, Војница, Лисиче, Чашка, Раштани и Отовица.

Во Велес и Велешко, како прв орган на бугарската окупаторска власт, воспоставена е Околиската полициска управа, со десетици полицајци и цивилни агенти, распоредени во полициските станици во Велес и во селата: Извор, Лисиче и Богомила. Органите на Државната безбедност, кои биле во составот на Околиската полициска управа, имале посебна задача, да ги следат, автономистите и комунистите, за кои имале точни податоци со имиња и презимиња, односно „неблагонадежните елементи„ .Оваа работа на Државнта безбедност, на бугарската полиција им ја олеснил, Марко Батричевиќ, началник на поранешната југословенска полиција во Вардарска Бановина, кој им предал околу 1.200 – 1.300 досиеја на „ненародни елементи„ кои биле третирани како такви уште во времето на владеењето на српските окупатори, односно, во Кралството Југославија.Со ова, на бугарската полиција, по прилично и била олеснета работата за пресметка со „неблагонадежните елементи„ Па така, методите на бугарските „ослободиители„ т.е. на нивната полиција, биле долги и драстични, имале изготвени специјални упатства за методи на измачување и ликвидирање на сите оние елементи кои се вклучени во Народноослободителното движење, односно, масовоно интернирање во старите предели на Царството Бугарија.

Во организирањето и воспоставувањето на бугарската окупаторска власт, други  органи на управување се: Даночната управа, Општинскиот и Околискиот суд, со ингеренции на неготинската, кавадаречката и  гевгелиската општина. Покрај овие органи на управување, веднаш е воспостваен и школскиот систем, а тука доаѓа и црквата (Егзархиска). Што ќе рече, брзо се воспоставени и опремени сите органи на управување на бугарската власт, со сите потребни, за тоа претходно подготвени кадри, кои ќе се стават во функција на денационализација и асимилација на македонскиот народ, а воедно и стопанска експлоатација на Македонија, односно на т.н. „новоослободени западни предели на Царството Бугарија„.

Продолжува…