Граѓаните можат да започнат со пријавување за туристички ваучер во висина од 12.000 денари, кој може да биде искористен во домашните туристички центри. За таа цел, Министерството за економија објави јавен повик, во кој се вели:

„Министерството ќе издава потврда во вкупна вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да истите ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Република Северна Македонија кои претходно се пријавени во Министерство за економија“.

Право на оваа помош имаат сите граѓани кои ги исполнуваат условите, односно немаат приходи повисоки од 30.000 денари ќе може да се пријават и да добијат ваучер.

Погледнете кои документи ви се потребни TУКА.