Љубителите на фудбалот во Германија уште долго време нема да можат да одат на стадион, забраната за јавно собирање во оваа земја ќе трае до 31. август, секако поради коронавирус.

Но, следниот месец во Германија мерките во борбата со „Ковид-19“ нема да бидат толку ригорозни, се очекува животот да се врати во нормала, на 6. мај е предвидено да се отворат училиштата и факултетите.

Ова значи дека ќе има услови да продолжи Бундес-лигата. Добро е познато дека клубовите веќе почнаа со тренинзи, чекаат „зелено светло“ од властите, сезоната да ја продолжат на 9. мај. Доколку биде потврден овој датум, во тој случај најдоцна до 30. јуни ќе заврши првенството.

Планот е играчите да се тестираат секои три дена за да се спречи ширење на коронавирус, состанокот на челниците на Бундес-лигата е закажан за 23. април.