Интерактивна мапа на Македонија за состојбата со коронавирусот по градови

https://gdi-sk.maps.arcgis.com/apps/opsdashboard/index.html?fbclid=IwAR0z7GYPBxP0O0jgno0matkPKMJtYuKASqbLG6nHDjUm5kR-Z_tDdEoIvvQ#/2096bd4b051b42948ac3f5747e80c3a5

Точно пет месеци од првиот потврден случај на коронавирус, Македонија денеска стана 80. држава која ја поминала границата од 10.000 заразени. Со 152 нови случаи на заразени со коронавирус во последните 24 часа, бројот на заразени со Ковид-19 од почетокот на пандемијата во нашата земја надмина 10 илјади и сега вкупниот број на заболени достигна 10.086. Според последните податоци на Министерството за здравство, од новазаболените во Скопје се регистрирани 39 позитивни случаи, со што за прв пат има намален број на заразени, а бројот на заразени во  главниот град достигна 4600.

Во Куманово денеска има 20 новозаразени, со што бројот на заразени се доближи до илјада, во Гостивар има 15, во Штип 14, во Струга 13. Во Тетово исто така вкупниот број на заболени стигна до 1000. Само денеска во Тетово има 9 новозаболени.

Скопје 39
Kуманово 20
Гостивар 15
Штип 14
Струга 13
Тетово 9
Дебар 8
По 5 во Битола и Кавадарци
Струмица 4
По 3 во Охрид, Гевгелија и Делчево
По 2 во Кичево, Демир Хисар и Македонски брод
По 1 во Прилеп, Радовиш, Кочани, Кратово и Свети Никола

„И денеска во нашата земја имаме троцифрена бројка на заразени со коронавирус, пациенти кои се соочуваат со болеста предизвикана од Ковид-19. Бројката не е мала, но за стандардот на земјата не е ниту голема, имајќи го предвид билансот од месец јуни кога на два пати беше надмината границата од над 200 дијагностицирани за еден ден”, наведоа од министерството за здравство.