Британскиот експерт Марк Вулхаус истакнал дека карантинот бил “мерка донесена во паника” и единствена опција во дадениот момент “бидејќи не можеле да смислат ништо подобро”.

Сепак, овој професор од Универзитетот во Единбург тврди дека тоа била ригорозна и груба мерка која не ги зема во предвид разликите на поединците. Пред се, Вулхаус мисли на фактот дека нацијата уште во март се “сконцентрирала на училиштата, наместо на домовите за нега на стари лица”.

Професорот по епидемиологија сега истакнал дека владата мора да се фокусира на зголемување на тестирањето и да настојува кон отворање на општеството, а не и понатаму да го ограничува.

-Затворањето беше панична мерка и верувам дека историјата ќе покаже дека обидот да се контролира коронавирусот низ карантин е монументална грешка на глобална ниво, тоа е лек кој е полош од болеста – истакнал Вулхаус, кој иначе е член на Научната група за пандемијата која ги советува британските власти.