Фудбалскиот прволигашки клуб Борец од Велес ги прави првите потези на трансфер пазарот пред вториот дел од сезоната. Денеска и официјално нови играчи на велешката екипа се Колумбиецот Александер Борха и Лука Трајкоски. Моментно како што информираат од ФК Борец се преговара и со неколку фудбалери како од странство, така и од домашниот шампионатот со цел да се подигне нивото на клубот.