Со прогласувањето на кризната состојба, и приватните клиники ќе треба да примаат болни од ковид на сметка на Фондот за здравство кој што нив ќе им исплаќа сума на пари како што им исплатува на ковид центрите во јавното здравство. Граѓаните нема да плаќаат, објасниле за Канал 5 од Министерството за здавство. По вчерашниот состанок на министерот за здравство Венко Филипче со сопствениците на приватните клиники, првично се донесе одлука дека ќе помогнат во борбата со корона вирусот.  Според Законот за управување со кризи, член 33, државата може да употребува и ресурси и на приватни фирми, како и употреба на ресурсите на граѓаните и други правни лица. „Дневниот надоместок за користење на ресурсите изнесува до 30 отсто од просечната месечна нето плата по работник објавена од ДЗС, во месецот пред давањето на ресурсите, а надоместокот за нивно оштетување или уништување не може да биде помал од пазарната вредност од средството„, се вели во законската одредба.

извор: FAKTOR.MK