Бил Гејтс, кој донираше милиони за вакцинирање, вели дека до летото 2021 година, САД „треба да бидат многу поблиску до нормалното отколку сега“, но дека потполното враќање во нормала веројатно ќе биде можно дури по 2022 година. Гејтс  за Си-ен-ен изјави  дека постои ризик од враќање на вирусот „ако не им помогнеме на другите земји да се ослободат од оваа болест и ако стапките на вакцинација во САД не се високи“. Тој смета дека големите јавни собири треба да бидат забранети и понатаму, а рече и дека „за жал, повеќето барови и ресторани во земјата треба да се затворени за да се сузбие стапката на зараза“. Тој додава дека баровите и рестораните во САД треба да бидат затворени следните четири до шест месеци.